Монако ја изненади Барселона, Раја херој на Арсенал (ВИДЕО)

Eкипата на Монако го приреди најголемото изненадување во денешните натпревари од Лигата на шампионите и ја совлада Барселона со 2-1.

Проблемите за каталонскиот гигант започнаа по само 11 минути игра кога Ерик Гарсија по една грешка на Тер Штеген направи старт за кој заработи директен црвен картон.

Предноста од играч повеќе Монако брзо ja искористи со голот на Магнес Аклиуче пет минути по исклучувањето на Гарсија. Барселона и со играч помалку успеа да дојде до изедначување.

Ламин Јамал уште еднаш ја докажа одличната форма и погоди во 28. минута. Со по еден гол на двете страни се замина и на паузата.

Добро изгледаше Барселона во продолжение без разлика што силите на теренот не беа изедначени. Сепак, во единствениот момент кога попуштија Илхеначе ги казни и стрелаше на 20-тина минути пред крајот. Тој гол се покажа и како доволен за победа на домаќините.

 

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса во завршницата во поразот на Лајпциг од Атлетико со 2-1. Елмас на теренот влезе во 83. минута на местото на Чави Симонс. Погодоци за Атлетико и Лајпциг беа дело на Гризман и Шешко.

 

Аталанта и Арсенал исто така ремизираа, но без голови. Вреди да се одбележи двојната одбрана на Давид Раја при пеналот на Аталанта во 51. минута.(ТУКА)

Во преостанатиот натпревар Брест беше подобар од Штурм Граз со 2:1.