Тодороски по двата гола избран за играч на колото во српската Суперлига
Тодороски беше стрелец на двата гола во победата против ИМТ, а тоа беше доволно да биде прогласен за најдобар.
За Тодоорски актуелната сезона е четврта во српското првенство, но ако се суди според почетокот може да му биде и најдобра.
Од почетокот на сезоната Спартак освои осум бода и дури за седум директно е заслужен Тодороски со голови или асистенции.