Роналдо го испофали Јамал: Гледам многу талент во него!
Ламин Јамал руши рекорди, му се предвидува блескава иднина, а и неговата сегашност е бепрекорна. Таквото мислење го дели и Кристијано Роналдо.
„Гледам многу талент во Ламин Јамал. Се надевам дека нема да има никакви проблеми во иднина и мислам дека ќе биде еден од најдобрите во оваа генерација, тоа сигурно“, вели Роналдо.