Босански тенисер водеше со 6-2, 5-2 на турнир во Кина, па - „чудесно“ загуби!

Босанскиот тенисер, Дамир Џумхур, загуби од Ринки Хијиката (Австралија) во првото коло на турнирот и тоа во меч со огромен пресврт кој најверојатно долго ќе го памети.

Тој одигра одличен прв сет (6-2), а одлично продолжи и во вториот, со оглед што поведе со 5-2 во гемови. И, кога сите очекуваа лесно да ја заврши задачата се случи неверојатен пад во неговата игра. Хијиката освои неверојатни 17 поени по ред, кои му донесоа низа од четири гема и освојување на вториот сет, а потоа и на мечот со оглед што лесно го доби третиот дел од средбата (6-2).

Хикијата е Јапонец кој настапува за Австралија и моментално е 81. тенисер во светот, додека Џумхур е на 86. место на АТП листата.