Статус кво: Македонија ни погоре ни подолу на новата ранг-листа на ФИФА!

Домашната победата над Ерменија (0-0) и ремито на гостувањето кај Фарски острови (1-1) на стартот од Лигата на нации на фудбалската репрезентација на Македонија ѝ донесоа 2,55 поени повеќе на ранг-листата на ФИФА, но тоа не беше доволно за некаков прогрес.

Нашиот национален тим остана на 72. позиција, додека пред нас е Исланд со четири поени повеќе, а зад нас е Северна Ирска на која ѝ бегаме за 12 поени.

Промени нема и меѓу десетте најдобри репрезентации во светот. На врвот од листата е Аргентина, втора е Франција, а трета Шпанија, по што следуваат Англија, Бразил, Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија.