Мудрик не се прослави во Челси, па ќе се сели во Франција

Украинскиот фудбалер Михајло Мудрик пристигна во 2023 година како големо засилување за Челси, но никогаш не ги исполни очекувањата.

Англиските медиуми пишуваат дека Мудрик не е задоволен од својот статус во екипата и поради тоа ќе побара нов клуб во јануари.

Украинецот наводно веќе има понуда од Франција, односно од Олимпик Марсеј каде што би можел да игра на позајмица до крајот на сезоната.