Шпанец го одби Ливерпул, а сега се моли да го купат во јануари

Шпанскиот фудбалер Мартин Зубименди одби понуда од Ливерпул во летниот преоден рок, но сега се премисли и сака да потпише за премиерлигашот.

Зубименди привлече интерес со одличните настапи за Реал Сосиедад и Шпанија, а Ливерпул испрати понуда од 50 милиони евра за неговите услуги.

Клубот од Сан Себастијан очајно ја отвори сезоната во Ла Лига и има само една победа по шест меча, а Зубименди наводно е незадоволен и бара трансфер во Ливерпул.

Шпанските медиуми пишуваат дека Зубименди го контактирал раководството на гигантот од „Енфилд“ за да провери дали сè уште постои интерес од нивна страна.