Пролет прокоцка предност од пет голови и освои бод против Тиквеш

Пролет и Тиквеш одиграа нерешено (23-23) во второто коло на македонската ракометна Суперлига.

Тиквеш имаше добар почеток и предност од 10-8, но Пролет почна да се буди во финишот на првото полувреме и на паузата замина со 15-12.

Пролет го загуби ритамот во второто полувреме, а тоа го искористи Тиквеш и израмни, а на крајот имаше и напад за победа, но не го искористи (23-23).

Најефикасен во составот на Пролет беше Бакар со седум погодоци, додека Обина погоди шест пати за Тиквеш.