Баер Леверкузен се подготвува за животот без Чаби Алонсо
Меѓу двете сезони шефовите на бундеслигашот останаа задоволни од неговата одлука да остане уште една година и покрај тоа што имаше и понуди од други клубови. Шпанецот го одведе Баер до првата титула во клупската историја, но јасно е дека нема уште долго да се задржи на Бај арената.
Во конкуренција за негов наследник се две имиња: тренерот на Штутгарт, Себастијан Хенес и на Брајтон, Фабијан Хурцелер кого го сметаат за најперспективен стручњак во Германија.