„Ферстапен е најдобриот возач во историјата на Ф1“

Поранешниот возач на Ферари во Формула 1, Герхард Бергер нема дилема кој е најдобар возач во историјата на „најбрзиот циркус“, иако многумина сигурно нема да се сложат со неговото мислење.

Бергер смета дека Макс Ферстапен нема конкуренција и може слободно да ја носи титулата најдобар возач во историјата на Ф1.

„Ферстапен има неверојатна способност да избере вистински момент за да го престигне ривалот. Тоа го немаа ниту Сена, ниту Шумахер, ниту Хамилтон. Макс секогаш е на вистинско место во точно време“, вели Бергер.

Холанѓанецот има 61 победа во кариерата и има три титули по ред во Формула 1.