Проблеми за Компани: Баерн пред стартот на ЛШ остана без бекови

Винсент Компани во Баерн Минхен на стартот од сезоната се соочува со проблеми со повредени фудбалери.

Баерн пред стартот на Лигата на шампионите остана без бекот Саша Бои кој на еден од тренинзите се здобил со повреда на левото колено и за него ова е втора повреда по пристигнувањето на клубот во јануарскиот преоден рок.

Врз него била извршена и операција, па така го чека подолга пауза. Дополнителен проблем за Комапни е што повреден е и Јосип Станишиќ кој треба да се врати во ноември, па така тимот остана без бекови, Мазрауи како што е познато се пресели во Манчестер Јунајтед.

Против Динамо во Лигата на шампионите „дупката“ би можел да ја пополни Џошуа Кимих кој во минатото има искуство со играње на оваа позиција.