Барселона објави колку ќе паузира Олмо

Фудбалерот на Барселона, Дани Олмо се повреди во вчерашната победа на каталонскиот гигант против Жирона, а денес клубот објави и колку ќе паузира.

По направените прегледи било утврдено дека Олмо се здобил со повреда на десниот бутен мускул и ќе паузира помеѓу четири и пет недели.

Поради повредата Олмо во натпреварот кој Барселона го доби со 4-1 мораше да биде заменет во 61. минута.

Од доаѓањето во Барселона Олмо од почетокот на сезоната одигра три натпревари поради проблемите со регистрацијата на почетокот и во нив постигна еден погодок.