Саинс го бранеше Леклер, па се судри со Перез (ВИДЕО)
На два круга пред крајот, Перез тргна во напад на второто место кое беше во сопственост на Шарл Леклер. Возачот од Монако го одби налетот, а во меѓувреме на помош му дојде тимскиот колега Саинс кој се обиде да го загради Перез и да му отвори повеќе простор на Леклер.
Перез не се предаде, се обиде да го продолжи нападот, но влезе во патеката на движење на Саинс и двајцата завршија во заштитната ограда со скршени болиди. Тоа предизвика прекин на трката и последните два круга се возеа со безбедносно возило.