Како Новак Ѓоковиќ „дозволил“ син му да навива за Партизан? (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ гостуваше во едно телевизиско шоу каде, меѓу другото, доби интересно прашање.

Познато е дека тој навива за Црвена Звезда, а неговиот син Стефан за Партизан, па за водителот (инаку навивач на Звезда) беше интересна тема за разговор.

„Сакав да му дадам избор, но не ми помогнаа неговите другари од училиште бидејќи сите се партизановци, а и атмосферата на кошаркарските натпревари на Партизан е прекрасна. Еден ден дојде дома со шал на Партизан и почна да грми 'Ајде, Гробари'. Претходно имаше дресови на Црвена Звезда. Јас видов што се случило во последните три часа и го одведов детето на натпревар на Партизан, да ја почувствува атмосферата.

Вели: во фудбал навивам за Звезда, а во кошарка за Партизан. Знам дека за вистинските навивачи на овие два клуба тоа е неприфатливо“, објасни на шега Ѓоковиќ.

*Темата за Стефан Ѓоковиќ е на 1:19:50