Барселона ги собра индивидуалните награди во Ла Лига за август
Во нив Барса освои максимални 12 бода и во моментов е лидер на табелата, а бразилскиот репрезентативец ги одигра сите 360 минути. Во победата против Ваљадолид со 7-0 постигна хет-трик, но оствари и две асистенции, на истиот меч кон Торес и на дуелот со Рајо Ваљекано за голот на Педри.
Рафиња ја игра третата сезона во дресот на Барселона, а ова е негово прво вакво признание. Интересно е тоа што и другите две награди за август отидоа во Барса: Ханси Флик е прогласен за тренер на месецот, а Ламин Јамал за најдобар млад играч.