Ферстапен го враќа ударот – викендот во Баку го почна со доминација на стазата!

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, беше најбрз на првиот тренинг во пресрет на формула еден трката за Големата награда на Азербејџан, која викендов ќе се вози во Баку.

Холанѓанецот имаше најдобар круг со резултат од 1:45,546 минути, додека зад него се најде седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон, од Мерцедес беше втор со 0,313 секунди заостанување, а трет беше Серхио Перез од Ред Бул со 0,376 секунди поспоро време од клупскиот колега.

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, беше четврти со заостанување од 0,481 секунди , по што следеа Карлос Саинц од Ферари, возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, Џорџ Расел од Мерцедес и Шарл Леклер од Ферари. Вториот тренинг е закажан за подоцна денеска, третиот е утре рано наутро, во пресрет на квалификациите кои почнуваат во 14 часот.

Трката за Големата награда на Азербејџан во Баку се вози в недела од 13 часот.