Ангеловски: Покажавме карактер, горд сум на моите играчи
Поразот од два разлика е добра најава за сезоната во која битолскиот тим ќе се обиде да го поправи впечатокот од лани кога не освои ниеден бод и беше најслаб во оваа конкуренција. Покажаното на теренот го задоволува и тренерот Бранко Ангеловски кој ја очекува првата победа како тренер во Лигата на шампионите.
„Пред натпреварот си ветивме борба до последната секунда. Кога ПСЖ водеше со седум и со осум гола, ние покажавме карактер и квалитет. Горд сум на изданието на моите играчи во Париз“, рече тренерот на битолскиот тим.
Играта во Париз треба да биде насока за дуелот против Фуксе идната среда в Битола, веројатно пред преполни трибини кога Пелистер ќе се обиде да стави крај на долгата серија порази во Лигата на шампионите.