Селекторот Грчевски повика 21 ракометарка за мечевите со Австрија

Женската ракометна репрезентација на Македонија во рамките на ЕХФ неделата ќе одигра два пријателски натпревари против Австрија во Брегенц.

Селекторот Кристијан Грчевски повика 21 ракометарка за овој собир.

Првиот натпревар ќе го одиграме на 28. септември со почеток од 17 часот, а следниот ден на програмата е вториот од 14:45 часот.

Собирот е закажан за ден 23.09.2024 (понеделник), со почеток во 08.00 часот во спортската сала Автокоманда во Скопје.