Српската федерација потврди: Пешиќ повеќе нема да ги предводи Јокиќ, Богдановиќ...

Кошаркарската федерација на Србија денеска потврди дека Светислав Пешиќ повеќе нема да биде селектор на Србија.

Неговиот мандат официјално завршува кон крајот на септември.

„Селекторот Пешиќ по истекот на актуелниот договор ќе престане да ги извршува своите должности. По три години во неговиот втор мандат на клупата на репрезентацијата на Србија на своите наследници им остава пример за посветена работа, добра подготовка и добри резултати“, се вели на почетокот на соопштението на КСС.

Потоа се додава дека популарниот Кари во последните три сезони со српската репрезентација освои сребрен медал на ЛОИ во Париз и сребрен на СП во Манила минатата година, со пласман во осминафиналето на ЕП 2022 година.