Марк Маркез победник на трката за Големата награда на Арагон

По 1.043 дена од неговата последна победа на една долга трка во Мото ГП шампионатот, Марк Маркез одново е на врвот на подиумот.

Возачот на Дукати денеска славеше во трката за Големата награда на Арагон и тоа со 4.7 секунд предност во однос на второпласираниот Хорхе Мартин. На третата позиција заврши Акоста од КТМ.

Со овој триумф Маркез донесе втор последователен успех за Грезини Дукати во Арагон каде пред две години победи Енеа Бестаианини.

Следната трка во Мото ГП шампионатот е закажана за 8 септември и ќе се вози во Сан Марино.