Пелистер ја надигра Татабања за втор триумф на турнирот во Добој
Првото полувреме го одбележа израмнет ракомет, иако на полувреме со водство од еден гол (16-15) замина Татабања, додека во вториот дел продолжи големата борба.
Татабања на почетокот поведе со 22-19, по што Пелистер се разбуди и во завршницата се разигра за да го совлада противникот со 32-29.
Најефикасен во составот на Пелистер беше Радивојевиќ со седум погодоци.
Пелистер во следното коло ќе се соочи против Загреб, додека Татабања ќе игра против Црвена Звезда.