Гвардиола не е импресиониран од Халанд: Најдобар е Меси! (ВИДЕО)
По денешниот натпревар против Ипсвич, шпанскиот стручњак беше прашан дали Халанд е најкомплетен напаѓач кого го видел во животот. Гвардиола, сепак, не се збуни и повторно го даде истиот одговор.
„Најдобриот во историјата е Меси“, рече Гвардиола кој му беше тренер на аргентинскиот ас од 2008 до 2012 година во Барселона.
Халанд одлично ја почна новата сезона во Премиер лигата и по две одиграни кола веќе има четири постигнати гола.