Уште еден хрватски фудбалер се прости од репрезентацијата
Фудбалертот на саудискиот Ал Наср одлучи да стави крај на репрезентативната кариера пред квалификациите за Светското првенство и Лигата на Нации. Дресот на Хрватска, Брозовиќ го носеше на 99 натпревари во кои постигна седум голови.
Брозовиќ беше стандарден член на селекцијата предводена од Златко Далиќ во најсупешниот период за репрезентативниот хрватски фудбал. Како најголеми успеси секако се сребрениот медал од Мундијалот во 2018 година и бронзата четири години подоцна во Катар.