Гвардиола не ја отфрли можноста да стане селектор на Англија

Пеп Гвардиола не одговори конкретно на прашањето дали би можел да стане селектор на Англија, но не ја отфрли можноста тоа да се случи.

Откако се разделија со Герет Саутгејт, Англичаните сакаат да назначат сериозно тренерско име за нов селектор, а Пеп Гвардиола е еден од оние кои се поврзуваат со оваа работа.

„Треба да одлучам што сакам да правам со мојот живот“, рече Пеп Гвардиола на прашањето дали би станал селектор на Англија.

„Би можел да останам во Сити, да земам пауза, да станам селектор... но во моментов тука сум и комплетно возбуден за новата сезона“.