Арсенал безмилосно го прегази германскиот шампион

Англискиот гигант Арсенал славеше во пријателски меч против Баер Леверкузен со убедливи 4-1 на „Емирати“.

Арсенал беше расположен во нападот, па постигна голови преку Зинченко, Тросар и Жесус во првото полувреме за водство од 3-0.

Четвртиот погодок беше дело на Хаверц, додека стрелец за Леверкузен беше Хложек во 76. минута од натпреварот.

„Топчиите“ ќе одиграат уште еден пријателски меч против Лион, додека Леверкузен игра против Бетис.