Јунајтед тргна по Де Јонг, понудата е меѓу 30 и 40 милиони фунти
Англискиот новинар Мајкл Плант денеска објави дека „ѓаволите“ ја испратиле првата понуда до Барселона која е далеку од вредноста на Де Јонг, но не е чудо да биде прифатена бидејќи е во рамките на онаа која ја одреди шпанскиот вицешампион.
„Манчестер Јунајтед направи чекор кон Френки де Јонг. Премиерлигашот е расположен да даде меѓу 30 и 40 милиони фунти за него, но останува нејасно дали Ханси Флик ќе дозволи трансфер“, пишува, меѓу другото, Плант.
Де Јонг е повреден од Европското првенство и најверојатно ќе го пропушти стартот на новата сезона. Тој е втор најплатен играч во екипата на Барселона и воопшто во Ла Лига, зад Левандовски. Наводно, Де Јонг е расположен да почне преговори со Јунајтед околу личните услови.