Македонија одигра одлично, но загуби од Франција на стартот од кадетското ЕП
Иако Французите влегоа како фаворити во натпреварот, Македонија одигра одличен натпревар и успеа да парира на големиот фаворит. Натпреварот македонските млади ракометари го загубија во последните секунди кога Французите ја направија клучната предност.
Натпреварот го отворивме со серија од 3:0, но по нашето водство од 5:2, Франција влезе во серија и направи пресврт поведувајќи со 5:7. Од тој момент, па до крајот на првиот дел се играше изедначено, а на паузата на семафорот стоеше 14:14.
Рамноправен противник Македонија беше и во второто полувреме во кое во нашите редови исклучување заработи Ристевски.
Неизвесноста и големата борба беше присутна до самиот крај, а Франција победничкиот гол го постигна на десет секунди пред крајот.
Најефикасни во нашите редови беа Митев со девет и Петрески со шест гола, голманот Николовски собра 13 одбрани.
Во натпреварот од второто коло Македонија ќе игра против Германија утре од 12:00 часот.