Пелистер го промовираше Митревски: Капитенот на Македонија ќе нѐ поведе кон нови трофеи!

Актуелниот ракометен шампион на Македонија, Пелистер го промовираше голманот Никола Митревски како ново засилување за престојната сезона.

Од одамна се знаеше дека Митревски е нов голман на Пелистер, но капитенот на македонската репрезентација сега е во Битола и ја почнува работата со тимот.

„Клубот се поистоветува со некои свои членови и тие не се само обичен дел од тимот, туку многу повеќе. Затоа нивното присуство бескрајно ни значи. Никола Митревски по три сезони во Португалија се врати во својот клуб за да продолжи да победува и освојува трофеи.
Пелистер е горд за потписот на најдобриот македонски голман кој доаѓа со уште три сезони во Лигата на шампионите, акумулирано искуство, квалитет и лидерство.
Капитенот на македонската репрезентација и миленикот на битолската публика ќе не поведе кон продолжување на серијата победи и трофеи“, стои во објавата на Пелистер.