Франција преку Канада до полуфиналето на Олимписките игри

Франција ја победи Канада со 82-73 и се пласираше во полуфиналето на кошаркарскиот турнир од Олимписките игри каде што ќе игра против Германија.

Канаѓаните беа фаворити пред натпреварот, но Франција одигра маестрално и сосема заслужено оди понатаму.

Домаќините почнаа фуириозно, ја добија првата четвртина со 23-10, во вториот период дополнително ја зголемија предноста, на одморот се замина со 45-29 за Франција.

Во последните десет минути Канада се доближи на шест негатива, но тоа беше најмногу што направија. На крајот Франција славеше со 82-73.

Јабуселе беше најефикасен кај Франција со 22 поени, Кординие постигна 20. Кај Канада најдобра беше нивната главна ѕвезда, Гилџус Александер со 27 поени.

Франција во полуфиналето ќе игра против Германија која претходно ја победи Грција со 76-63.