Владата ги награди младите кошаркари со три милиони денари за европскиот пехар

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години го освои јуниорското Европско првенство (ЕП), откако во финалето славеше против Австрија.

Владата на Република Македонија реши да го награди големиот успех на младите кошаркари со три милиони денари.

Златната генерација на Македонија оствари дури осум победи на јуниорското ЕП и заслужено го крена европскиот пехар.