Тежок кикс на познатата спортска телевизија: Ѓоковиќ го направија Хрват (ФОТО)

Тешко дека нешто може да го помати расположението на Новак Ѓоковиќ и целата српска нација по вчерашниот триумф на олимпискиот тениски турнир, но спортската телевизија Еуроспорт навистина се „погрижи“ да направи проблем.

На својот официјален профил на Твитер, Еуроспорт ја одбележа големата победа на Ѓоковиќ, но на крајот, место српско, стави хрватско знаме.

Тоа ги изнервира Србите кои упатија еден куп навреди кон администраторот и телевизијата генерално, па Еуроспорт ја избриша објавата, но остана срамот.