Шведска ја прегази Јапонија за четвртфинале на Олимписките игри
Швеѓаните ја оправдаа фаворитската улога, немаа големи проблеми со Јапонците кои не им пружија голем отпор.
На полувремето Шведска имаше предност од 16-9, победникот веќе беше познат, а до крајот на мечот разликата беше зголемувана до конечни 40-27.
Карлсон со шест гола беше најефикасен кај Шведска, Сугиока кај Јапонија постигна најмногу погодоци.
Покрај Шведска, претходно четвртфинале од оваа група заверија Словенија и Германија, а од 21 часот во меѓусебен дуел Шпанија и Хрватска ќе одлучат кој ќе биде четвртиот патник понатаму.