
Македонија ја прегази Романија на ЕП во Целје
Романија во првото полувреме имаше предност и од три гола во еден момент (8-5), но Македонија ги презема работите во свои раце и направи пресврт (13-11). Сепак, до крајот на првиот дел се играше израмнето и на паузата екипите заминаа со резултат 15-15.
Македонија во вториот дел додаде гас и влезе во одлична серија од 6-0 за да го скрши ривалот (23-17), по што Романија не успеа да се врати во игра и нашите ракометари запишаа уште една победа.
Македонските ракометари се први во групата И со четири бодови, по што следи Франција со два, а Полска и Романија немаат бодови. Со пласман во следната фаза, Македонија ќе разигрува за позициите од деветто до 12. место.