Олмо блеска на ЕП, а откупната клаузула му истекува во понеделник!

Шпанскиот репрезентативец, Дани Олмо игра фантастично европско првенство, досега постигна три гола, а има и две асистенција, неговата шпанија е во финалето.

Постојано се пишува за интерес од големи клубови за Дани Олмо, тој во договорот со Лајпциг има откупна клаузула која истекува на 15. јули.

Откупната клаузула изнесува 60 милиони евра, па доколку некој сака да го купи за оваа сума ќе мора тоа да го стори до понеделник, во спротивно Лајпциг ќе одлучува за цената и дали воопшто сака да го продаде.

Целата ситуација ја следи и Динамо Загреб кој го продаде Олмо на Лајпциг за 29 милиони евра, но и 20 проценти од следниот трансфер.

Тоа значи дека неколку милиони евра ќе се слеат во касата на хрватскиот клуб од евентуалната продажба на Олмо. Ако сумата биде 60 милиони евра, 12 одат за Динамо Загреб.