Тиквеш доби вајлд-карта: Македонија во наредната сезона со пет екипи во Европа
Во минатата сезона, Тиквеш заврши како петти на табелата во Суперлигата и побара „вајлд-карта“ за настап во Европа. На таквото барање од ЕХФ одговорија позитивно.
Тиквеш во ЕХФ Купот ќе стартува од првото елиминационо коло. Минатата година во ова натпреварување кавадарчани беа елиминирани од австриски Кремс.
Покрај Тиквеш, Македонија во Европа ќе биде преставувана од Пелистер во Лигата на шампионите, Вардар во Европската Лига, додека Алкалоид и Охрид како и Тиквеш ќе играат во ЕХФ Купот.