„Забранети“ дуелите помеѓу МЗТ, Работнички и Пелистер во првата фаза од АБА2!
Врз база на резултатите од домашните натпреварувања и добиените вајлд-карти, 16. учесници во новата сезона од АБА лигата се поделени во четири шешири за ждрепката која ќе се одржи наредниот понеделник.
Ќе бидат формирани четири групи (А, Б, Ц и Д) од по четири екипи, во оваа фаза нема да може тимови од исти земји да играат заедно.
Во секоја група секој ќе се соочи со секој по класичен систем дома-гости. Двата најдобри тима од секоја група ќе се пласираат во Топ 8 фазата од натпреварувањето.
Тие ќе се поделат во две групи (Е и Ф), секоја ќе содржи по четири тима. И во овие групи тимовите ќе играат секој со секој дома-гости. Најдобрите две од двете групи ќе се пласираат во плеј-оф.
Во плеј-офот ќе има полуфинале и финале, ќе се игра во серии подобар од три (1-1-1).
Шешир 1:
МЗТ Скопје
Подгорица
Војводина
Златибор
Шешир 2
Борац
Кансаи Хелиос Домжале
Широки
Сутјеска
Шешир 3
Босна
Цедевита Јуниор
Илирија
Пелистер
Шешир 4
Работнички
Шибеник
Вршац
Теодо Тиват