Ремонт во Струмица: Брера му го прекина договорот на Чилафи

Македонскиот прволигаш Брера Струмица се раздели и со Илјаз Чилафи, откако претходно се збогуваше со Марко Алчевски.

Чилафи го раскина договорот со екипата од Струмица за која одигра само седум натпревари во минатата сезона.

„Ти благодариме за сè и многу успеси во иднина“, соопшти Брера по разделбата со дефанзивецот.