Милан се откажа од Зиркзе, но ќе бара нов напаѓач!
Зиркзе му даде „зелено светло“ на Манчестер јунајтед и планира да се пресели во Премиерлигата, а Ибрахимовиќ ја потврди ситуацијата, но најави дека клубот нема да се откаже од идејата да купи нов напаѓач.
„Имаме неколку опции и не брзаме. Можам да ви ветам дека ќе најдеме соодветно засилување. Преговараме со неколку играчи, но ќе објавиме повеќе детали кога ќе биде постигнат договор“, вели Ибрахимовиќ.
Милан минатата сезона ја заврши на второто место зад Интер, но догодина сака да се врати на тронот во Серија А.