Дебакл на Циципас, загуби во второто коло на Вимблдон!
Циципас кој важи за еден од најдобрите тенисери на денешницата имаше очаен настап на овогодинешното издание на Вимблдон.
Русувуори првите два сета ги доби во тајбрејк, првиот со 8-6, другиот со 12-10. Циципас успеа да го добие третиот сет со 6-3 и се врати во игра.
Но, Финецот беше подобар во четвртиот сет со 6-3 и го доби мечот со 3-1 во сетови.
За разлика од Циципас, Александер Зверев немаше проблем со својот противник, го совлада Џирон со 3-0 во сетови. Беше 6-2, 6-1 и 6-4.