Мартинез: Привилегија е што го имаме Роналдо, тој е пример за сите!
Португалија по голема битка, дури на пенали ќа победи Словенија. Во текот на мечот Кристијано Роналдо промаши пенал и можеше да биде трагичар, но на крајот добро се заврши за него.
Селекторот Мартинез е полн со пофалби за Роналдо.
„Значајно е да се види играч кој освоил сè и има толкав број на рекорди, толку натпревари за репрезентацијата и број на голови. Свежината која ја внесува е изненадувачка. Тој е пример, тој сака да победува секој ден, сака да се натпреварува секој ден. Привилегија е да се има Роналдо во тимот“, вели Мартинез.