Дончиќ по промашената тројка: Зае*ав! (ВИДЕО)
Словенија со 104-78 го победи Нов Зеланд, со тоа го освои второто место и ја исполни мисијата за пласман во полуфиналето, но ќе им беше многу полесно ако бидат први.
Дончиќ мечот го заврши со трипл-дабл, постигна 36 поени, имаше 11 скокови и 10 асистенции. Но, во последниот напад тој промаши шут за три поени со кои ќе ѝ го обезбедеше првото место на Словенија.
По натпреварот во разговор со словенечка телевизија, на Дончиќ му се испушти па рече: „Зае*ав“, веднаш потоа се извини за зборот.