Арсенал почна преговори со Болоња за Калафиори!
Италијанскиот дефанзивец кој има 22 години, но импресионира со својата сигурност, е на добар пат да се пресели во Арсенал.
Тој одговори позитивно на проектот на Арсенал и даде зелено светло да почнат преговорите меѓу двата клуба.
Арсенал и Болоња денеска ги почнале преговорите кои се очекува да завршат со позитивен исход.