Ѓоковиќ по пласманот во трето коло на Вимблдон: Нема да барам изговори за играта!
Ѓоковиќ по мечот кажа дека е задоволен со победата, а даде коментар и за неговата игра против Фирнли.
„Не се чувствував добро во третиот сет, но секогаш постојат такви моменти. Џејкоб изигра одлично на теренот и ме натера да се измачам за победа. Нема да барам изговори за денешниот настап. Можев некои работи да ги направам подобро“, кажа Ѓоковиќ.