Балотели „мортус пијан“ паѓаше по улица – едвај го кренаа да не го згази автомобил (ВИДЕО)
Снимката, наводно, настанала по завршување на мечот во кој Швајцарија ја совлада Италија (2-0) и ја елиминира од ЕП 2024 во Германија. Поранешниот италијански репрезентативец буквално бил уништен од алкохол, па дури на земја го повлече и пријателот кој се обиде да го задржи на нозе, а за малку не беше удрен од автомобил кој поминуваше по улицата.
Ова беше уште еден во низата скандали поврзани со Балотели, кого фудбалскиот свет ќе го памети многу повеќе по ситуациите надвор од теренот отколку по мајсториите покажани на теренот.