![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2024/06/26/217181-revolucija-vo-evroligata-kje-ima-povekje-timovi-i-nov-sistem-na-natprevaruvanje.jpg?itok=WvJy1apH)
Револуција во Евролигата - ќе има повеќе тимови и нов систем на натпреварување?
Раководството на лигата сака да го зголеми бројот на учесници, а ќе воведе и ограничување за трошоци, но и промена на системот на натпреварување.
Лигата ќе се прошири од 18 на 20 екипи, а во план е зголемување и на акционерското друштво, а засега не се знае дали меѓу нив се српските гиганти Црвена Звезда и Партизан.
„Газета“ пишува дека има две опции за системот на натпреварување, и тоа едниот е да остане сè исто, односно да се играат четири меча повеќе, додека втората поверојатна опција е да се поделат екипите во две конференции како во НБА-лигата.
Промените не се конечни, односно допрва треба да се разгледаат, а не се очекува нивна примена пред сезоната 2025/26.