Холандија, Франција и Англија се израдуваа на трагедијата на Хрватска

Уште три репрезентации обезбедија пласман во осминафиналето од Европското првенство и тоа без да ги одиграат своите натпревари од третото коло.

Станува збор за Холандија, Франција и Англија кои дури и со порази во последниот круг, ќе поминат натаму барем како три од четирите најдобри третопласирани селекции. Причина за тоа е ремито на Хрватска против Италија бидејќи „коцкестите“ сега имаат само два бода. Ако „коцкестите“ ја сочуваа предноста, ќе ја завршеше групата со четири бода и на спомнатите репрезентации ќе им требаше барем по бод во третото коло.

Заедно со овие три селекции, бројот на сигурни осминафиналисти сега се искачи на осум: Германија, Швајцарија, Шпанија, Италија, Англија, Холандија, Франција и Португалија. Позната е и првата осминафинална двојка, Швајцарија-Италија.