Готово е, Гираси му кажал на Штутгарт дека заминува - три клуба се борат за неговиот потпис!

Серху Гираси кој беше вистински хит во Бундеслигата минатата сезона, заминува од Штутгарт, неговата откупна клаузула е само 17,5 милиони евра, па неколку клуба се во трка по него.

Според „Скај Спорт Германија“, Гираси го информирал Штутгарт дека неговата конечна одлука е да замине од клубот.

Во трка по неговиот потпис се Борусија Дортмунд, Арсенал и Милан.

Гираси минатата сезона ја заврши на второто место на листата на стрелци во Бундеслигата, постигна 28 голови.