Далиќ: За нас почна нокаут фазата, одиме на победа против Италија - не ми се враќа рано дома!

Денеска Хрватска игра клучен меч за пласман во осминафиналето, Хрватите вечерва мора да ја победат Италија за да останат на Европското првенство.

Ремито со Албанија ги чинеше многу, Хрватите сега имаат само една опција, а таа не лесна, да се победи Хрватска.

„Ова е уште еден меч за нас во серијата на историски натпревари. Подготвени сме и веруваме дека можеме да одиграме добро. Свесни сме за ситуацијата, нокаут фазата за нас веќе почна. Само победа е опција. Со три бода ќе одиме понатаму, со се друго одиме дома. Не сакам да си одам дома рано“, вели селекторот Далиќ.