Нено стана „манекен“: Димитријевиќ во Олимпија Милано во следните две сезони!

Репрезентативецот на Македонија, Ненад Димитријевиќ официјално стана член на шампионот на Италија, Олимпија Милано.

Клубот соопшти дека е потпишан договор на две години, до јуни 2026, а Димитријевиќ ќе работи со еден од најдобрите тренери во Европа, Еторе Месина.

„Благодарен сум што ќе бидам дел од еден историски клуб. Возбудата е голема што добив можност да ја збогатам ионака богатата историја на Олимпија и да помогнам при освојувањето на нови трофеи. Едвај чекам да му се придружам на тимот“, изјави Димитријевиќ за клупската интернет страница.

Во Италија, тој оди по две фантастични години во Уникс каде прво беше прогласен за МВП на финалната серија, а потоа и за МВП на сезоната. Трансферот во Олимпија Милано ќе значи дека Димитријевиќ, конечно, ќе дебитира во Евролигата.