Мбапе нема намера да му прости на ПСЖ, си бара долг од 100 милиони евра!

На повидок нова војна помеѓу ПСЖ и Килијан Мбапе, напаѓачот бара 100 милиони евра на име на неисплатени бонуси и плати.

Минатото лето, ПСЖ му се налути на Килијан Мбапе откако напаѓачот одлучи да не стави потпис на нов договор.

„Светците“ не сакаа да го го загубат беспари, па го отстранија од тимот. Но пред да почне сезоната, двете страни најдоа компромис и Килијан Мбапе почна да игра.

Тогаш се велеше дека напаѓачот прифатил да се откаже од одредени бонуси во висина од 80 милиони евра.

Но, изминативе месеци односот меѓу Мбапе и Ал Келаифи повторно се залади. Последните информации велат дека на повидок е нова војна, адвокатите на фудбалерот го информирале ПСЖ дека бараат 100 милиони евра.

Во оваа сума спаѓаат неисплатени бонуси и плати за месец април, мај и јуни.